Игор Тудор не е повеќе тренер на Хајдук – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 6:03 PM

Игор Тудор не е повеќе тренер на Хајдук

Најголемиот хрватски фудбалски клуб, Хајдук Сплит, денес објави дека ја раскинува соработката со поранешниот фудбалер на Јувентус и хрватски репрезентативец, Игор Тудор.

Со месеци кружеа шпекулации дека постои длабоко незадоволство во самиот тим и во раководството на Хајдук, а денес на задоволство на добар дел од навивачкото јадро на сплитскиот гигант, шпекулациите се овистинија.

Изминатите денови било и повеќе од јасно дека Тудор го напушта кормилото и затоа денешниот тренинг го одржале асистентите во клубот.

Тудор извесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Торино, во стручниот штаб на новиот предводник на Јувентус, Андреа Пирло.