„Нов кластер во Битола. Концертот на Петар Грашо во Хераклеа. Гледаш ли Филипче? Дистанца нема. Маски овде-онде. А свадби? А крштевки? Тоа не смее!“, вели за mms.mk фолк пејачката Елена Јовческа, која е револтирана од двојниот аршин кон пејачите, но и од непочитување на протоколите за заштита.
Таа изреволтирана од вчерашниот настап на хрватскиот поп пејач Петар Грашо, кој како во времето пред пандемијата ја наполни Хераклеа со публика, која си седеше еден до друг и за тоа никој ништо не превзема.
https://www.facebook.com/elena.jovceska.52/posts/10157897171697426
-Има сигурно над 2.000 луѓе, кои се гледа дека ниту држат дистанца, ниту носат маски. И ај за публиката да си речеш дека секој одговара за своето здравје, но каков е овој двоен аршин за настапување. На нас македонските пејачи не ни дозволуваат да пееме, дека нели пандемија е, па нема семејни веселби, опасни се по здравјето, а на тие од страна што ќе дојдат и ќе соберат на куп над 2.000 луѓе не е опасно. Не затворија, не смееме свадби, не смееме матурски, не смееме крштевки, не смееме ништо а ова што цела Херајлеа е полна, тоа не е проблем. Дека гостин од Хрватска е. Ова е веќе срам. Се изживуваат и врз нас пејачите. И не само врз нас. Ова е синџир на засегнати луѓе кои патат поради двојниот аршин. Штетата не е само врз пејачите, туку и врз ретораните, бутиците за венчаници, цвеќари, салони за убавина и се она што синџирот за веселбите го прави поврзан. Ова навистина е изживување врз нас на естрадата. Како може за некогода важат правила и закони а за некого да не важат, вели Јовческа и додава:
„Како е можно свадба со 40-50 луѓе да биде поопасна од концерт со 2.000 луѓе. Од март откако почнаа нзабраните сум настапила три пат на семејна веселба со 40 луѓе, со триста процедури, со пријавување во полиција, со внимавање на гостите, со тргање на страна, со запазување на сите пропипани мерки. И тоа е опасно за здравје, а ова не е опасно“, додава таа.