Руските лекари дадоа дозвола за транспорт на опозиционерот Навални – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 5:37 PM

Руските лекари дадоа дозвола за транспорт на опозиционерот Навални

Руските лекари соопштија дека болницата во Сибир, каде што се лекува Алексеј Навални даде зелено светло за неговиот трансфер во Германија.

Болницата одлуката ја донесе откако се согласи на барањето од семејството на Навални, кое бара негово преместување.

Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) одговори на адвокатот на критичарот на рускиот претседател Путин,  Навални, кој претходно апелираше до Судот во Стразбур да интервенира во преместувањето на неговиот клиент од Сибир во Германија.

Портпаролот на ЕКЧП рече: „Барањето е за изрекување на привремена мерка да му биде дозволено на г-дин Навални да биде пренесен во болницата Карит во Берлин за лекување, бидејќи во спротивно,  се соочува со ризик по неговиот живот или здравје“.

Судот потврди дека прашањето ќе биде третирано како итно, но не е можно да се каже кога ќе се донесе пресуда.

Руските лекари тврдеа дека состојбата на 44-годишниот Навални е исклучително тешка и затоа не треба да се преместува од болничкиот кревет.

Навални, жесток критичар на Путин, е во критична состојба откако пиел чај за кој се верува дека е отруен во градот Томск.