Поранешното крило на Металург се сели во Спортинг – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 5:34 PM

Поранешното крило на Металург се сели во Спортинг

Српското репрезентативно десно крило, Дарко Ѓукиќ, од следната сезона ќе го носи дресот на Спортинг Лисабон, пренесуваат од „Handball-Planet.com“.

Дваесет и шест годишниот левучар ќе се приклучи на амбициозниот тим на Спортинг, по две поминати сезони во Мешков Брест.

Ѓукиќ професионалната европска кариера ја започна во Скопје во тимот на Металург, а по заминувањето од клубот од Автокоманда заигра и за Бешикташ и Киелце.