Најновиот шпански репрезентативец и поранешен член на фамозната „Ла Масија“ на Барселона, Адама Траоре, позади себе имаше одлична сезона во Премиер Лигата во екипата на Волвс. Таквите игри на исклучително брзото и силно десно крило, го привлекоа вниманието на многу топ екипи низ Европа.
Јувентус, Манчестер Сити, па дури и Манчестер Јунајтед се поврзуваат со името на Траоре, а доколку Волвс одлучи да искешира за неговите услуги 70 милиони евра, како негова замена го гледа напаѓачот на финалистот во Европа Лига, Севиља, Лукас Окампос.
Дваесет и шестгодишниот Аргентинец ја има најквалитетната сезона во кариерата, а токму против Волвс во четвртфиналето во Европа Лига постигна гол со глава и го елиминираше англискиот претставник. На Окампос му преостануваат уште четири години од неговиот договор со Севиља и има откупна клаузула од 62 милиони фунти.
Со оглед на економските проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот, Севиља би требало да ја намали цената и да го продаде Окампос за отприлика 40 милиони фунти.