Поп-фолк пејачот Бови Павловски е позитивен на корона вирус. Тој пред еден час на својот профил на Фејсбук ја објави веста и упати порака до сите да бидат внимателни.
– Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за Ковид-19 е позитивен. Покрај сите витамини, мерки и внимавање, маски, дезинфекции, сепак саса и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни.Се надевам дека се ќе помине најдобро, напиша тој на својот Фејсбук профил.
Боби изминатиов период настапуваше во неколку градови а сите настапи што се закажани до средината на септември, додека не поминат деновите на изолација и резултатите од тестирањето се откажуваат.
-Пазете се и чувајте се. Што друго да кажам. Од завчера имам температура, но градите ми се чисти, не кашлам, само мала главоболка. Ништо друго. Ова беше доволно да се тестирам и тестот да покаже дека сум заразен. Мене ова ми е трет тест. Првите два ги правев превентивно, да си знам. Јас ниту се плашам ниту, пак, се срамам. Боже мој, тоа е. Првите два теста беа негативни, но токму поради тепмературата и главоболката, како и нагоните на повраќање ме натераа да направам трет тест. Освен тоа требаше со децата да заминам на одмор во Стурга и затоа за моја и за сигурност на тие околу мене направив тест, вели Боби за mms.mk
Боби изминатиов период, откако беа дозволени живите настапи, пееше, но смета дека заразата не е од настап,бидејки, како што вели, максимално внимавал.
– Не знам каде се заразив, не верувам дека ми е од свирка, настрана си бев постојано, но може ми е од бензиска или од маркет. А на настап се поздравував од далечина, не се ни гушкав со луге. Искрено се надевам дека ќе поминам со лесно и ќе бидам во изолација додека треба. Затоа велам дека луѓето треба да пријавуваат и да се теестираат, а не да се кријат. Знам луѓе кои не сакаат да седат 14 дена дома и затоа не се пријавуваат, не се тестираат и така си се шетаат. Можев и јас да не се пријавам, да не се тестирам, ама совеста не ми дозволува да го направам тоа кога знам дека ке го префрлам на други. И можеби јас ќе поминам со лесни симптоми, но не знам тој што ќе го заразам како ќе помине. Затоа тоа не е добро,свеста треба да работи. Веднаш се консултирав и со лекари, кои ми рекоа дека штом не кашлам и белите дробови ми се чисти, а тоа се лесни симптоми, најверојатно така ќе поминам и јас. Од вчера сум во изолација, до кај втори семптември, па потоа ќе се тестирам. Секако и настапите се откажуваат се додека не добијам негативен тест, вели Боби за mms.mk.
Весна Миленковска