Повторно гореше автомобил во Штип – запален „голф“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 4:13 PM

Повторно гореше автомобил во Штип – запален „голф“

Во повеќе од 25 досега регистрирани случаи на опожарени возила во Штип, се вброи и пријавениот од изминатата ноќ во полицијата.

-На 20.08.2020 околу 04.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Браќа Даневи“ во Штип настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Б. од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Увид на местото извршила полициска екипа, соопшти СВР Штип.

Засега не се соопштуваат детали дали се работи за кривично правен настан или случајно опожарување на возилото. Случајот е многу сличен на сите досегашни што ги истражуваше и Обвинитеслтвото. Според недоамнешната изјава на поранешниот технички министер, Наќе Чулев, опожарените возила се резултат на пресметка на криминални групи. Нема потврда дали и последниот  случај се вбројува во оваа група.