Лејкерс и Милвоки изедначија на 1-1 во дуелите со Блејзерс и Орландо – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 3:11 PM

Лејкерс и Милвоки изедначија на 1-1 во дуелите со Блејзерс и Орландо

Откако го обезбедија првото место на Западот, Лејкерси како да стиснаа малку кочница во регуларниот дел од НБА сезона во меурот. Ротациите можеби и зедоа данок уште во првиот меч во плејофот против расположениот и во форма Портланд Блејзерс. Блејзерси на неверојатен начин обезбедија место нокаут рундите по победата над Мемфис во плеј-инот.

Но, Лејкерси залудно не беа први во никогаш посилната Западна конференција и Лејкерси залудно не се едни од главните фаворити за освојување на НБА лигата во оваа продолжена сезона.

Претходната вечер Ентони Дејвис беше главната ѕвездата во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Портланд Блејзерс 111:88. Центарот постигна 31 поени и 11 скокови, додека Леброн Џејмс имаше за него скромен учинок од десет поени, шест скокови и седум асистенции.

-Не чувствував дека играм на потребното ниво и Леброн ме остави да го зграбам моментот и да се вратам во игра. Тој зборуваше со мене и пред мечот и после првиот пораз од Портланд, ми кажа дека се работи само за еден меч и дека тој бил во такви ситуации претходно, изјави Ентони Дејвис.

Демиан Лилард вчера за првпат по две седмици изигра просечен за негови стандарди меч. За 30 минути забележа 18 поени, а потоа се повреди и ја напушти играта. Од таборот на Блејзерси изјавуваат дека се работи за минорна повреда и дека Лилард ќе се врати на паркетот во третото соочување. Си Џеј МекКолум постигна 13 поени, додека пак Јусуф Нуркиќ само 9 поени и осум скокови Серијата продолжува во сабота навечер.

Од екипите кои се вратија инстантно во игра и тоа од екипите кои се главни фаворити за „прстенот“ е и тимот на Милвоки Бакс. Орландо Меџик како домаќини на овој турнир навистина беа изненадување број еден во првите двобои во плејофот. Никола Вучевиќ доминираше со 35 поени во победата на Орландо над Бакси. Вучевиќ и вчера играше одличен меч, постигнувајќи 31 поени и десет скокови, но за жал таквото издание не беше доволно да се порази по вторпат за два дена првиот на Истокот. Јанис се истакна по којзнае кој пат сезонава со 28 поени, 20 скокови и пет асистенции. Резултатот во полза на Бакси изнесуваше 111:96.

https://www.youtube.com/watch?v=tMiUf1eEuNY

Уште три други кошаркари забележаа дупли бројки изминатата вечер. Робин Лопез со 17 поени, Вучевиќ со 32 и Еван Фурние со 12 поени.

На третиот натпревар ноќеска, Хјустон издвои уште една победа над Оклахома и го зголеми водството во серијата на 2-0. Рокетси немаа шутерска вечер за паметење, но сепак успеаа да го скршат отпорот на Тандерси и да победат 111:98.