Не е во ред стресот од посетата на гинеколог да биде толку голем, што ќе го искристите како причина за да го одложите прегледот. Нормално е да бидете малку нервозни, но не дозволувајте поради тоа прегледите да станат нередовни. Консултирајте се со некоја пријателка, споделете искуство, со цел да дојдете до гинеколог покрај кој ќе се чувствувате удобно. Ова е само дел од листата на работи кои гинеолозите сакаат нивните пацентки да ги знат. Кои се останатите нешта што треба да ги знае секоја жена во врска со гинеколошките прегледи, прочитајте во продолжение.
Чекањето да изгубите невиност за да закажете преглед е глупост
Дури и никогаш да сте немале сексуален однос, тоа не значи дека не треба да оставите простор во вашиот живот да гинеколошк преглед. Се препорачува, од здравствени причини, првиот преглед да се закаже помеѓу тринаесеттата и петнаесеттата година од животот, за да се следи менструалниот циклус, но и сите потенцијални проблеми.
Пожелно е да разговарате за време на прегледот
Сигурно е необично да разговарате за сексуалниот живот со човек кој ретко го гледате, но знајте дека гинекологот никогаш нема да се изненади или избезуми од она што ќе му го кажете. Освен тоа, за ваше добро е да бидете искрени за да може тој подобро да ви помогне и да најде решение за прашалниците што ви се мотаат низ глава.
Време е да престанете да верувате во бајки за интимната хигиена
Не постои производ кој направи „долу“ да мирисате како букет цвеќе, а при тоа да биде безопасен за здравјето на вагината. Производите за интимна хигиена може да предизвикаат воспаление, иритација или алергиска реакција.
Игнорирањето на какви било симптоми е нешто што не смеете да го правите
Ако цело време имате чувство дека ви се оди во тоалет, а при тоа чувствувате пецкање, голема е веројатноста дека имате инфекција на уринарниот тракт. Н е паметно тоа да го игнорирате бидејќи така може да се развијат проблеми со бубрезите, поради што веднаш треба да закажете преглед.
Гуглањето на дијагнозите е лоша идеја
Освен што ќе се уверите себеси дека ќе умрете од неизлечива болест, барањето одговори за здравствените проблеми на интернет е лоша идеја. Единствено вашиот доктор може да знае кои фактори треба да се земат предвид за да се открие каков било евентуален проблем.
Недоволната грижа за сигурност во сексот не е ок
Можеби ви е незгодно да разговарате со гинекологот на тема контрацепција. Сепак, гинеколозите разговараат за вакви работи секој ден и токму тие може да ве посоветуваат најдобро за тоа како да се заштитите и каква контрацепција би ви одговарала најмногу.
Фото: Mosuno Media/Stocksy
Текст: cosmopolitan.hr