Маче од Тунис, преку Медитеранот стигнало до Германија – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 2:05 PM

Маче од Тунис, преку Медитеранот стигнало до Германија

Мачка со потекло од Тунис, завршила во Германија, откако била заклучена во контејнер за испорака и во него го преминала Медитеранот, објавила  оваа недела германската полиција.

„Таа веројатно се качила во приколка“, изјавил портпаролот на баварската полиција, каде е откриена.

Малиот патник го преминал морето и отпатувал по копно до германска компанија чии работници ја повикале полицијата, откако слушнале мјаучење од контејнерот.

Полицијата открила мачка која и покрај тоа што била гладна и жедна, била во добра состојба. Мачката била згрижена од страна на локален ветеринар.

Преземено од:https://www.srbijadanas.com/