Зошто е добро да вежбате во друштво – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/18 9:39 AM

Зошто е добро да вежбате во друштво

Вежбањето во друштво ви помага да се фокусирате на активноста и како група да останете на вистинскиот пат.

Побрзо се слабее

Не ги намалувате килограмите толку брзо колку што сакате? Во тој случај ќе ви помогне пријател за вежбање! Докажано е дека 20 отсто од лицата кои вежбаат сами не успеваат да ги изгубат килограмите и покрај здравата исхрана, додека, од друга страна, лицата кои тренираат со поддршка на пријател губат 4,5 килограми.

Посмирени сте

Вежбањето го прави вашиот мозок поотпорен на стрес, а тоа дејство може да биде уште посилно кога тренирате во друштво. Ова го покажала една студија спроведена од британски научници, која открила дека луѓето се значително посмирени на крајот од тренингот кога целата активност ја извршуваат во друштво, а не сами.

Натпреварувачки дух

Истражувањата покажале дека кога вежбаме во друштво се лачи повеќе ендорфин. Сакате да си дадете дополнителен поттик? Вежбајте со некој кој е во подобра форма од вас. Тоа несвесно ќе ве поттикне да тренирате повеќе и подолго.

Го подобрува помнењето

Вежбајте во друштво – не само што ќе се чувствувате подобро, туку ќе ви се подобри и помнењето! Научниците велат дека ефектите од вежбањето во група по година дена се манифестираат и на меморијата. Ова може звучи како долг период, но ви дава мотивација да не се откажете.