Навални има метаболичка болест, велат од сибирската болница – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 1:26 PM

Навални има метаболичка болест, велат од сибирската болница

Главниот лекар во сибирската болница во која се лекува критичарот Алексеј Навални, изјавил дека му бил дијагностицирано метаболичко заболување предизвикано од низок шеќер во крвта.

Александар Мураковски, главниот лекар задолжен за Навални (44) во болницата во Омск, додал дека на прстите и облеката биле пронајдени траги од индустриска хемикалија.

Навални, жесток критичар на претседателот Владимир Путин, е во критична состојба откако во четвртокот се напил чај, за кој се верува дека бил отровен.

Кремељ соопштил дека на руските лекари е да одлучат дали Навални може да се пренесе со авион на брза помош од сибирската болница во Германија за лекување.

Руските лекари изјавиле дека тој сè уште не е добара состојба за транспорт. Портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков, изјави дека германските лекари кои пристигнале во Омск во петокот биле поканети да им се придружат на руските лекари за лекување на Навални.

Говорејќи преку конференциски повик, Песков рече дека сè уште е нејасно која е причината за заболувањето на Навални, додека во четвртокот се враќалод Сибир во Москава.

Сојузниците на Алексеј Навални го обвинуваат Кремљ за спречување на неговата медицинска евакуација во Германија и велат дека тие му го загрозуваат животот, бидејќи сибирската болница каде што бил хоспитализиран не е доволно опремена.

Јулија Навални, неговата сопруга и Кира Јармиш, неговата портпаролка, го критикуваа Кремљ, откако доктор во сибирската болница изјави дека транспортот ќе му го загрози животот бидејќи тој сè уште бил во кома и нестабилен. „Забраната за транспорт на Навални е обид за убиство, а сега тоа го прават лекарите и подмолните власти кои тоа го наредиле“, напишала Jармиќ на социјалните медиуми.

Таа рече дека лекарите првично се согласиле за неговиот транспорт, но го откажале договорот во последен момент. „Секако, таа одлука не е нивна, тоа е одлука на Кремљ“, напиша Јармиш.

Тимот на Навални цитираше полициски службеник во изјавата дека во неговото тело е идентификувана многу опасна супстанца што претставува ризик за сите околу него и затоа морале да бидат во заштитни костими. Луѓето на Навални веруваат дека лекарите сакаат да се одолговлечат така што секоја трага на отров би исчезнала доколку тој бил отруен.

Преземено од: http://hr.n1info.com/