По 25 дена од раѓањето, бебето на родилка од Врање, која почина од коронавирус, е симнато од респиратор. Како што за „Бlic“ потврдиле од Клиничката болница во Ниш, состојбата на бебето е добра.
Бебето беше родено со само 920 грама, а на породувањето лекарите истовремено ги реанимирале и бебето и мајката. Мајката, Бранкица Ивановиќ, за жал, почина.
Лекарите по речиси четри седмици, ја стабилизираа состојбата на бебето и го одвоија од респираторот.