Полицијата пронајде се 138 гранати за рачен фрлач на гранати, 41 метални сандаци со муниција со калибар 7,62 и 12,7 милиметри, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати, 760 парчиња куршуми со калибар 20 милиметри во нива во близина на патниот правец помеѓу струшките села Калишта и Франгово.
Од МВР денеска информираат дека е известено Основното јавно обвинителство –Струга и Дирекцијата за заштита и спасување и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот