Францускиот претседател Емануел Макрон, веднаш по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, предложи европско посредување меѓу различните групации во кризата во Белорусија, со вклучување и на Русија.
„Дијалогот меѓу Владата, опозицијата и граѓанското општество е неопходен. Се надеваме дека таков дијалог може да го воспостават самите Белоруси. Но, ЕУ е уште подготвена да се придружи ако нашата улога како посредник може да биде корисна и ако тоа го сакаат во Белорусија, заедно со другите институци, конкретно ОБСЕ, вклучително и со Русија“, рече францускиот претседател на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Франција.
Меркел рече дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, чиј реизбор го предизвика народот на улица во неговата земја, не се обидел да разговара со ниту еден европски лидер за политичката криза, но оти европските лидери разговарале со рускиот претседател.
„Да му кажеме јасно на Путин да побара дијалог со белорускиот претседател“, рече Меркел.
Протести и вчера имаше во Белорусија, а демонстрантите бараат нови избори, оспорувајќи ги неодамнешните на кои Лукашенко доби 80 отсто од гласовите. Лукашенко го обвини Западот за поттикнување и финансирање на немирите.