Платформата за изнајмување приватно сместување „Airbnb“ објави дека одлучилa да ја забрани организирање забави во сместувањето што го нуди и ќе го ограничи капацитетот на сместување на максимум 16 лица. Забраната важи за сите резервации од вчера па наваму, објави Airbnb.
По почетокот на пандемијата „ковид-19“, „некои решија да го преместат тоа што го работеле во баровите и дискотеките во куќите, понекогаш изнајмувани преку нашата платформа“, се вели во соопштението.
„Сметаме дека таквото однесување е неодговорно, не сакаме да бидеме вклучени во тоа, и секој што учествува во него или одобрува такво однесување нема место на нашата платформа“.
Дури и ако домаќините досега беа во можност да се согласат да имаат забава во нивното сместување, 73 проценти од нив не го дозволија тоа.
Airbnb исто така формираше тим за брзо реагирање во случај на проблеми и предвидува санкции против корисниците кои не ги почитуваат новите правила на однесување.
Преземено од: http://rs.n1info.com/