Почна снимање на второто продолжение за филмот „Јужни ветар 2“ (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/20 7:38 AM

Почна снимање на второто продолжение за филмот „Јужни ветар 2“ (ВИДЕО)

„Летото станува се по жешко, затоа што „Јужни ветар“ официјално започнува со „забрзување“!“, ваков натпис стои под фотографијата објавена на социјалната мрежа Инстаграм од пресот по повод снимање на второ проодлжение од филмот „Јужни ветар“.

По големото исчекување, во Књазевац започна снимањето на продолжението на најгледаниот српски филм „Јужни ветар 2“.

Хитот од кината чиј прв дел го изгледале повеќе од милион ипол гледачи, во своето продолжение ќе го носи името „Забрзување“, и овој пат повторно на сценариото се потпишуваат Петар Михаиловиќ, како и режисерот Милош Аврамовиќ.

Невообичаената конференција за медиумите, била одржана со строго почитување на сите епидемиолошки мерки, актерите Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ и режисерот Милош Аврамовиќ одговарале на прашањата испратени од медиумите. Погледнете што не очекува во продолжението на наjгледната сага во последните 20 години.