Ќе ве обезвреднат и исмеат во јавност: Како да ги препознаете емоционалните манипулатори? – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/20 9:15 PM

Ќе ве обезвреднат и исмеат во јавност: Како да ги препознаете емоционалните манипулатори?

Емоционалната манипулација може да биде присутна во пријателствата, семејните или колегијалните односи, но најчесто е застапена во љубовните врски. Постојат три знаци кои укажуваат на тоа дали вашиот партнер манипулира со вашите емоции.

Постојано се обидува да ги обезвредни вашите чувства

Дали некогаш сте биле во ситуација кога некој ве повредил, а ве убедувал дека претерувате, дека не сте во право и дека емоциите ви се неосновани? Најчесто во таквите ситуации се извинуваме, наместо да се извини другата страна. Ова е всушност оружје со кое манипулаторот тактизира. Кога сте емотивно чувствителни, а личноста поради која се чувствувате така реагира мирно, очекувано е дека ќе почнете да се сомневате во себе. Почнувате да мислите дека другата личност е во прав, се повлекувате во себе и се трудите повторно да ги „обработите“ информациите. Во ваков случај, често доаѓа до повреда на самодовербата. Истиот ефект го имаат и ситуациите во кои некому отворено му зборувате за вашите емоции, а наидувате на бес и лутина. Кај многу луѓе тогаш може да се создаде чувство на вина, а тоа влијае токсично врз нивното емоционално и ментално здравје.

Исмејување пред јавноста

Емоционалните манипулатори како партнери честопати сакаат да ја понижат другата страна, шегувајќи се јавно на нејзина сметка. Тоа го прават така што откриваат многу лични информации. Доколку вие сте тие што се измејувани, сигурно се чувствувате неудобно одвнатре, додека однадвор се смеете. Доколку се побуните, сигурно ќе ве „пречека“ советот да не претерувате и да се опуштите. Емоционалните манипулатори се трудат да бидат во центарот на вниманието, додека пред останатите манифестираат лажна и ранлива страна. Во тој случај, тие се правдаат со стрес или со многу обврски поради кои ќе се обидат да ве наговорот да им дадете втора шанса.

Сите се на негова страна и против вас

Ова е една од најсилните тајни тактики на манипулаторите, кога кај изманипулираната страна ќе се јават сомнеж и страв.  Манипулаторот ќе се обиде да ви создаде мислење дека правите нешто лошо, погрешно и ненормално, создавајќи ви впечаток дека правите големи грешки во постапките и дека сами сте одговорни за неповолните ситуации. Емоционалниот манипулатор во своите изговори не користи имиња, туку го користи збоорот „сите“. Доколку го прашате кои се тие „сите“, не очекувајте одговор. Борбата за својот став во ваквиот однос е налик борба со ветерници и затоа најдобро е да се повлечете, па да размислите дали тоа вреди за трошењето на вашето време и енергија. Емоционалните манипулатори влијаат негативно да вашето здравје и отвораат рани на друшата.

Кога ќе препознаете дека партнерот/партнерката се обидува да ве манипулира, важно е да дадете одговор со кој другата страна ќе сфати дека не сакате да бидете жртва на манипулативно влијание.

 

Извор: sensa.hr