Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски, според шпанска „Марка“ би можел од следната сезона да се пресели во другиот помал мадридски клуб, Гетафе.
Трансферот на поранешниот голман на Работнички, од Рајо Ваљекано во Гетафе е детерминиран од продажбата на еден од двајцата постоечки голмани на тимот кој сезонава се натпреваруваше во Европа Лига. Доколку успеат мадриѓаните да ослободат место на таа позиција, тогаш веројатноста дека ќе тргнат по услугите на Димитриевски е поприлично голема.
Столе Димитриевски и следната година ќе игра во Сегунда, бидејќи Рајо повторно не успеа да се врати во најквалитетното шпанска фудбалска лига. Или пак, Димитриевски ќе заигра во Примера, само во друг дрес.