Лекарите се борат за животот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални(44), на кого му се слошило во авионот, откако, како што се сомнева, е отруен. На летот настанал општ хаос а во мегувреме е објавена снимка од авионот.
– Претпоставуваме дека Алексеј го отруле со нешто што го истуриле во чајот. Ова беше единственото нешто што го пиеше ова утро. Лекарите велат дека отровот се апсорбирал побрзо преку врелата течност. Алексеј е сè уште на респиратор. Тој е во кома и во многу сериозна состојба. Сè уште не ги добивме резултатите од тестот за да видиме што точно се случило – рече портпаролот на Фондот за борба против корупција, Кира Јармиш.
Заменик началникот на болницата во која е сместен Навални не ги потврди овие обвинувања, но рече дека лекарите, меѓу другото, се обидуваат да утврдат дали труењето е причината зошто Навални е во сериозна состојба. Патниците кои се наоѓале во авионот што летал од Томск кон Москва тврдат дека Навални се разболел во текот на летото, поради што итно морале да слетаат во Омск. Портпаролот на авиокомпанијата С7, со чиј авион рускиот опозициски лидер Алексеј Навални патувал кога му се слошило, исто така, најави дека не јадел ниту пиел ништо во текот на летот.
– Здравствената состојба на еден наш патник Алексеј Навални драматично се влоши непосредно откако авионот полета од од Томск кон Москва. Тој не јадеше ниту пиеше ништо во авионот – рече портпаролот, пренесува Тасс.
Како што изјави тој, персоналот на авионот реагирал брзо во согласност со процедурите и веднаш го пријавил проблемот во воздухопловната команда, која наредила авионот да слета на најблискиот аеродром каде што е хоспитализиран, по што авионот го продолжил летот.
Се додава дека двајца патници кои летале со Навални останале во Омск.
Исто така, ќе се спроведе истрага во кафулето на аеродромот во Томск каде Навални пиел чај, а ќе бидат проверени и видеокамерите.
Според директорот на аеродромот во Томск, ниту еден друг патник не се пожалил и додаде дека специјалните сили веднаш дошле во кафулето за да извршат претрес.
-Навални пиел чај во кафулето „Виена“ на аеродромот Томск, а сопственикот на кафулето вели дека не можат да го најдат келнерот што го служел. Надзорните камери се обидуваат да откријат што точно се случило. Кафулето каде Навални пиел чај сега е затворено и истрагата е во тек. Лидерот на руската опозиција е во кома во болницата и е поврзан со респиратор.
Инфо: avaz.ba