На контроверзниот бизнисмен и советник во општина Охрид, Нефи Усеини, судот му одреди мерка притвор, објави „Сител“. Покрај него, мерката притвор добил и неговиот брат и двајцата се осомничени за насилство.
Во текот на вчерашниот ден беше поднесена кривична пријава за советникот во општината Усеини и неговиот брат, во врска со инцидентот кој се случил пред еден хотел во Охрид, каде што тие двајца го нападнале лицето Спиро Топаловски.
Инцидентот се случил пред два дена откако Усеини прво го повикал нападнатиот Спире Топалоски во хотелот, па по кратка вербална расправија, го удирал со пиштол по глава заедно со други лица.