За шест месеци поднесени се вкупно 28 кривични дела за пустошење на шума на полошкото подрачје. Голем дел од нив се однесуваат за гостиварското подрачје.
Полициските податоци говорат дека причинетата материјална штета што ја направиле дрвокрадците, а за кои се поднесени 28 кривични пријави изнесува 170 000 денари.
Од полицијата велат дека дрвокрадството е пред се организирано од одреден круг на луѓе.
Од Шумската полиција веалт дека пустошењето на шуми може да се намали само ако се воведе реонска полиција која што би контролира одреден регион од шумата.
Во секој случај оттаму велат дека состојбата за разлика од пред порамно е подобрена затоа што припадниците на Министерството за внатрешни работии имаат се почести контроли и акции на планинските подрачја.