Универзално тесто за домашни мафини – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/20 1:45 PM

Универзално тесто за домашни мафини

Сигурно досега неколкупати сте се обиделе да дојдете до некој рецепт за овој десерт кој лесно и брзо се прави, но ниту еден не бил ништо посебно. Престанете со потрагата, еве го совршениот рецепт.

Состојки:
1/3 шоља шеќер
1 јајце
½ шоља зејтин
1/3 шоља млеко
1 лажица екстракт од ванила
1 ¼ шоља брашно
1 лажица прашак за пециво
малку сол
½ шоља кисела павлака
овошје по желба (а може и чоколада – најдобра е чоколадата за готвење, исецкана на мали коцки)

Подготовка:
Вклучете ја релната да се загрее на 190 степени, а калапите за мафините премачкајте ги со зејтин и ставете корпи.

Шеќерот, зејтинот, млекото и ванилата ставете ги во еден сад и матете да се соединат, додадете го брашното, прашакот за печиво и солот, измешате ја смесата добро да нема грутки. Потоа додадете ја киселата павлака, а на крај овошјето или чоколадата. Лесно измешајте ги, за да не се згрутчи и ставете ја смесата во калапи, така што ќе ги наполните корпите до половина. Смесата рамномерно распоредете ја во калапите и печете точно 25 минути.

Преземено од:https://stil.kurir.rs/