Ливерпул и Лидс како во старите добри времиња на отворањето на Премиер Лигата, лондонско мини-дерби во првото коло – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/20 1:36 PM

Ливерпул и Лидс како во старите добри времиња на отворањето на Премиер Лигата, лондонско мини-дерби во првото коло

Новата 2020/21 во Премиер Лигата започнува за помалку од еден месец, а денес и официјално беше објавен распоредот на натпревари за претстојната кампања во најдобрата светска фудбалска лига.

Првото коло ќе ги врати љубителите на Премиер Лигата 20 години наназад, со оглед на тоа дека на „Енфилд Роуд“ шампионот Ливерпул ќе се судри со повратникот во лигата и голем ривал на клубот од Мерсисајд, Лидс. Тимот на Марсело Биелса се врати во елитата после убедливата сезона во Чемпионшип и во обидот да се задржи што подолго во ангиската топ дивизија ќе мора уште веднаш да вкрсти копја со најдобриот во друштвото.

Во првото коло од новата сезона ќе го гледаме и лондонското дерби помеѓу уште еден повратник во лигата, Фулам и Арсенал. Овој меч, како и оној помеѓу Ливерпул и Лидс ќе се најде на програмата на 12 септември од стандардниот саботен термин од 16:00.

Во останатите меч-апи од првото коло, Кристал Палас се соочува со изненадувањето на вториот дел од ланската сезона, Саутемптон, Мурињо и Анчелоти отвораат на новиот стадион на Тотенхем.

ВБА и Лестер и Вест Хем и Њукасл се последните двојки од саботниот дел. Во понеделник, 14 септември, тимот на Френк Лампард кој сезонава ќе се обиде да им ги замрси сметките на Манчестер Сити и Ливерпул, ќе гостува кај Брајтон, а Волвс на Нуно Еспирито Санто ќе гостува на „Брамал Лејн“ кај екипата на Шефилд Јунајтед. Челзи и Волвс ги играат своите натпревари ден подоцна, бидејќи заедно со Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, имаа обврски во европските натпреварувања и ФА со тој потег ќе се обиде да им излезе во пресрет.

За натпреварите Барнли-Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити-Астон Вила, допрва ќе се одлучува за терминот и датумот на одигрување.

Целосниот распоред за распоредот на натпревари во Премиер Лигата за сезона 2020/21 можете да го погледнете на официјалниот веб-стајт на лигата.