Американскиот кошаркар Тодрик Гочер е новото и веројатно последното засилување на екипата од Аеродром за ова лето.
Се работи за дваесет и седумгодишен бек-шутер кој доаѓа од турската лига, односно од тимот на Бешикташ со кој настапуваше и во Лигата на Шампионите на ФИБА. Гочер во турското првенство забележа 23 настапи и постигна 9.4 поени во просек, 4.7 скока и 2.3 асистенции, додека во ЛШ на 16 меча забележа 10.8 поени, 3.5 скока и 1.6 асистенции.
Во неговата професионална кариера има настапувано и за два грчки тимови, Короивос и Ифаистос, како и за Шоле од Франција.
Гочер е третиот Американец што летово ги засили „аеродромци’, покрај Феми Олуџоби и Хасани Гравет, а од странците кои ќе настапуваат за екипата на Кочов, се вбројува и повратникот Андрија Бојиќ.
МЗТ Скопје Аеродром новата 2020/21 сезона ќе ја започнат со седумина македонски репрезентативци и четворица интернационалци.