Маските кои сами го „убиваат“ вирусот пристигнаа во Хрватска, познато е колку ќе чинат – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/20 11:48 AM

Маските кои сами го „убиваат“ вирусот пристигнаа во Хрватска, познато е колку ќе чинат

Маските кои „сами го ’убиваат’ коронавирусот“, како што некои ги викаат, пристигнаа во Хрватска. Тие од денеска се дистрибуираат преку „Медика“, па за некој ден треба да бидат достапни во аптеките и граѓаните ќе можат да ги купуваат. Во оваа пратка се наоѓаат 128.000 парчиња, а поединечната цена ќе изнесува околу 40 куни (околу 6 евра).

„Очекуваме уште нарачки, особено зашто ни’ се јавија и од Србија, Унгарија, Австрија и од Швајцарија, кои се заинтересирани за вакви маски“, објаснуваат од компанијата „Ринигард“, која е увозник за овие маски, пишува „24 сата,хр“, а пренесува „Вечерњи лист“.

Оваа маска е слична со класичната хируршка, но има два слоја бакар-оксид, кој има антивирусни и антибактериски својства, како и уште еден филтер, па во 99,9 отсто ги сопира честичките. Маската може да се носи од двете страни и да се користи повеќе пати, односно околу еден месец, пишуваат хрватски медиуми.

Маските на хрватскиот пазар биле патент на израелската фирма „МедЦу“, а се произведуваат во Кина.