Горан Милевски е предлогот на ЛДП за министер за локална самоуправа – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/20 9:39 AM

Горан Милевски е предлогот на ЛДП за министер за локална самоуправа

Досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски е предлогот на Извршниот одбор на Либерално демократската партија (ЛДП) да го води овој ресор во новата Влада.   Предлогот треба да биде потврден денеска од Централниот одбор.

Ова во телефонски разговор за Канал 77 го потврди Милевски, кој е лидер на ЛДП.

-Предлогот јас да бидам министер за локална самоуправа ќе биде денеска пред Централниот одбор на партијата, по што ќе биде доставен до мандатарот, изјави Милевски.

Горан Милевски веќе една година е на чело на Министерството за локална самоуправа по реконструкцијата на Владата во летото 2019 година.

Милевски (42) е дипломиран економист; магистер по бизнис администрација МБА – Менаџмент, Економски факултет – Прилеп, кој пред преземањето на Министерството, беше пратеник во Собранието.