Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални е хоспитализиран во болница во Омск и се наоѓа во критична состојба. Тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјавила неговата портпаролка, јавува Би-Би-Си.
Таа на Твитер објави дека за време на летот од Томск кон Москва, на Навални му се слошило и авионот морал итно да слета во Омск. Додава и оти смета дека Навални е отруен, односно дека во авионот веројатно нешто му било ставено во чајот, а болницата каде што бил примен потврдила дека станува збор за труење.
Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како „пуч“ и „кршење на уставот“. Реформите на Путин му овозможија да добние уште два мандата.