Борделите се отворени, a секс нема: Сексуалните работнички од Берлин порачуваат „и ние сакаме целосна услуга“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/20 7:38 AM

Борделите се отворени, a секс нема: Сексуалните работнички од Берлин порачуваат „и ние сакаме целосна услуга“

Властите во Берлин дозволија отворање на борделите  кои беа затворени со месеци поради пандемијата, но сексот се уште нема добиено зелено светло.

Наместо тоа клиентите ќе мора да се задоволат со еротска масажа, до почетокот на септември.


И не се поради тоа само тие фрустрирани. Ниту 49 годишната работничка на еден бордел, не е среќна поради тоа „И јас и моите клиенти повеќе сакаме целосна услуга“, вели таа.

Сексуалните услуги беа забранети во Берлин од средината на март во рамките на напорите да се спречи ширењето на корона вирусот.


Во јули, неколку сексуални работници, „вооружени“ со кукли на надувување, протестираа пред парламентот во Берлин, жалејќи се дека наметнатите ограничувања ги спречуваат да заработат за живот, како и дека го поттикнува цветањето на овој занает на црниот пазар.

Проституцијата е легална во Германија и 40.000 регистрирани сексуални работници имаат право на договори за вработување, здравствено и социјално осигурување.

Аурел Јоханес Маркс, управител на еден од борделите, вели дека неговите загуби поради неколкумесечно затворање се шест пати поголеми, а сега тој треба да инвестира дополнително за неговиот бар да ги исполни пропишаните мерки.

Натписите што ги објаснуваат правилата се секаде наоколу околу рецепцијата, кој со своите кожни фотелји и мермерниот под, наликува на хотелско лоби.


Секој гостин мора да пополни формулар со своите детали и контакти. Тие исто така треба да носат маски, „исто како на бензинска пумпа или во продавница“, вели Маркс.

„Повеќето од нив немаат никакви проблеми со тоа, но она што не функционира добро е фактот дека многумина што доаѓаат во борделот доаѓаат со очекување дека ќе имаат секс тука“, додава тој. И тоа треба да биде понудено повторно од 1 септември, со строги хигиенски мерки.

„Ветеранката“ од почетокот на приказната не е загрижена дека можно е да се зарази со коронавирус.

“Ако ја работите оваа работа веќе 20 години, тогаш имате свои редовни клиенти. Можете да изберете кој ќе го примите во собата”, објаснува таа.

„Ако не ви се допаѓа некој, само покажете му ја вратата. Јас воопшто не се плашам, но среќна сум што можам конечно да започнам повторно да работам“, рече таа.

Преземено од: https://www.kurir.rs/