Не е лесно да се преболи бившиот, но не е решение ни да се затворите во „четири ѕида“.
Ако ве изневерувал цело време, искористете го последен пат и направете го да се кае што сте раскинале. За да го задоволите вашето его и да продолжите понатаму со мирна душа, фрлете се на – секс од одмазда!
Некои психолози веруваат дека „секс од одмазда“ е решение што го користат повредени лица. Тоа е точно! Американските истражувачи заклучиле дека третина од повредените подобро се чувствуваат по „ сексот од одмазда“.
Првиот чекор е да се осмисли ситуација во која ќе се случи „сексот од одмазда“. Вториот чекор е да се претставите во најдобро издание. Без груби зборови, расправи и погледи под око.
Како и да е, треба да знаете дека овој вид секс е планиран чин и не треба да ве залажува дека повторно ќе се помирите. Доколку го мислите тоа не треба ниту да влегувате во ваква акција. Ако вашиот партнер ве оставил или ве изневерувал цело време – заборавете го тоа!
Извор: srbijadanas.com