Заканувачки пораки преку социјалната мрежа Фејсбук добила гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска Бежоска. Гувернерката случајот го пријавила во полиција, кој бил преземен од Единицата за насилен криминал. Човекот, кој не бил од нејзината група на пријатели, е пронајден и против него ќе биде поднесена пријава.
Полицијата не потврди дека заканата била во врска со случајот со пропаѓањето на Еуриостандард банката.
-Вчера во 12.00 часот А.А.Б.(49) од Скопје пријавила дека на 16.08.2020, околу 18.50 часот, во електронското сандаче од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ примила порака со заканувачка содржина од „Фејсбук“ профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.