Левиот бек на Милан од следната сезона во Торино – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/20 5:58 PM

Левиот бек на Милан од следната сезона во Торино

Швајцарскиот репрезентативец Рикардо Родригез од следната година ќе го носи дресот на италијански Торино.

Поранешниот фудбалер на Волфсбург ќе потпише четиригодишен договор со најпопуларниот тим во градот Торино. Одличните партии на Тео Хернандез, лесно го натераа Стефано Пиоли да се ослободи од Родригез и да го продаде за три милиони евра плус бонуси.

Дефанзивецот пристигна во Милано во летниот трансфер период во 2017 година од германски Волфсбург за 15 милиони евра плус два милиони во бонуси. Во 93 настапи за црвено-црните, Родригез забележа четири голови и пет асистенции во сите натпреварување.

Последниот клуб за кого Родригез настапуваше изминатата сезона беше ПСВ Ајндховен.