Синоќа околу 21.30 часот во СВР Велес било пријавено дека вработен во агенција за обезбедување, додека бил на работното место во казино во центарот на Велес, бил физички нападнат од Д.С. од Велес.
Како што појасни Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција при СВР Велес, лицето не сакало да стави заштитна маска при влез во казиното.
Според пријавеното, напаѓачот Д.С. употребил и остар предмет, но лицето од обезбедувањето го одбило нападот.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснува Каракулев.