По 50 години, пронајден сродник на слон со глувчешки раст за кој се сметаше дека е изумрен – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/20 9:12 AM

По 50 години, пронајден сродник на слон со глувчешки раст за кој се сметаше дека е изумрен

Малку познат цицач сроден со слонот, но со големина на глушец, е откриен во Африка откако никој не го видел веќе 50 години и се сметаше за изумрен, пишува ББС.

Животното е пронајдено живо и здраво во Џибути, земја на рогот на Африка, во текот на една здравствена експедиција.

Овој вид е во сродство со слонот, со африканскиот мравојад и со морската крава. Има специфичен нос сличен на сурла на слон, со кој се храни со инсекти.