Марксовата теорија во Германија реалност: Работна недела од 30 часа? – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/20 9:04 AM

Марксовата теорија во Германија реалност: Работна недела од 30 часа?

Претседателот на германскиот Синдикат за индустрија и металургија и претседателката на парламентарната партија Левица предлагаат во процесот на донесување дигитална стратегија во Германија воведување на четиридневна работна недела, односно 30-часовно работно време како полно и со цела плата. Велат дека сегашниот модел е стар со децнии и е втемелен на тоа мажот да работи полно работно време, а жената да се грижи за куќата и децата, а тоа е веќе прегазено од времето и нема никкава врска со реалниот живот, пренесува загрепски „Вечерњи лист“.

Во некои земји веќе постои скратена работна недела, а во Германија уште пред повеќе од две децении беа намалени работните часови.

Овие денови Германците почнуваат со еден интересен проект – повеќе од сто луѓе месечно ќе добиваат по 1.200 евра како подарок. Нема да мора да работат ништо цели три години. Целта била дали и понатаму ќе бидат мотивирани за некоја работа иако имаат покриени основни животни трошоци.

Ќе стане ли Марксовата теорија за работата реалност?