Мутацијата на Ковид 19 може и да биде добра: Повеќе заразени, а помалку смртни случаи – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/20 8:00 AM

Мутацијата на Ковид 19 може и да биде добра: Повеќе заразени, а помалку смртни случаи

Мутацијата на новиот коронавирус, кој е присутен низ цела Европа и неодамна е забележан во Малезија, веројатно носи поголем потенцијал за инфекција, но се чини дека е помалку смртоносен, тврди реномиран инфектолог.

Пол Тамбија, од Националниот универзитет во Сингапур и претседател на Меѓународната асоцијација за заразни болести со седиште во САД, изјавил дека мутацијата D614G е исто така забележана во Сингапур.

Тамбија рече дека доказите за мутација на вирусот во Европа се совпаднале со падот на стапката на смртност, посочувајќи дека е помалку смртоносен. Тој, исто така, рече дека мутацијата веројатно помалку ќе влијае на ефективноста на потенцијалната вакцина, и покрај предупредувањата од други медицински експерти. „Можеби е добро да имате вирус кој е повеќе заразен, но помалку смртоносен“, рече Тамбија за Ројтерс.

Научниците откриле мутација уште во февруари и веруваат дека мутираниот вирус циркулира во Европа и Америка, соопшти Светската здравствена организација, додавајќи дека нема докази дека мутацијата предизвикува потешка клиничка слика кај пациентите. Вчера, шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејзус, повторно ги повика државите да се приклучат на заедничките напори за производство на вакцината, предупредувајќи дека „неопходно е да се спречи национализам во развојот на вакцината“, бидејќи тоа само ќе ја продлабочи пандемијата.

„Размената на залихи на стратешко и глобално ниво е во интерес на секоја земја“. СЗО ја повтори својата загриженост дека глобалната инфекција е во пораст кај младите луѓе, ставајќи ги старите лица и хронично болните изложени на ризик во густо населените области со послаби здравствени системи.

„Епидемијата се менува“, рече регионалниот директор на СЗО за Западен Пацифик, Такеши Касаи. „Луѓето во нивните 20-ти, 30-ти и 40-ти сега се носители на инфекцијата“, рече тој.

Според „Ројтерс“, скоро 22 милиони луѓе се заразени во светот, а скоро 773.000 умреле.

Преземено од: https://www.vijesti.me/