Шенжен е првиот град во светот кој е целосно покриен со 5G мрежа има дури 46.000 базни станици – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/20 7:24 AM

Шенжен е првиот град во светот кој е целосно покриен со 5G мрежа има дури 46.000 базни станици

Првиот град во светот потполно покриен со 5G мрежата: Ова се деталите има дури 46.000 базни станици

Јужниот кинески град Шенжен е првиот град во светот што е целосно покриен со независно вмрежување 5G, изјави во понеделникот градоначалникот на тој град Чен Жугу.

Чен на прес-конференцијата рече дека градот ја завршил поставената цел од 2019 година до крајот на август 2020 година да изгради 45,000 5G базни станици со цел целосно да се обезбеди воспоставување на градската мрежа 5G, пренесува CRI.

Шенжен сега има над 46,000 5G базни станици, што според густината на станиците се верува дека се најголема во светот, соопшти градската служба за индустрија и информатичка технологија.

Следниот чекор е да се поттикне развојот на индустријата 5G со постигнување на успех во 5G технологии и градење сеопфатен екосистем 5G.

Овој технолошки центар на југот на кинеската провинција Гуангдонг е дом на импресивна група кинески почетни компании и технолошки гиганти, вклучително и Хуавеи и Тенсент.

Преземено од:https://www.espreso.rs/