Сопственикот на месарницата „Либеро“ во Пула, Слободан Либеро Тупајиќ, за хрватските медиуми раскажува за заразата со корона вирусот во месарницата, и како вируспт предизвика пад на неговиот бизнис. Оваа месарница е само една помеѓу многумина кои се погодени од корона кризата.
Во оваа месарница забележани биле пет случаи на заразени со корона вирус, заразените биле вработени во месарата, а сопственикот на истата поради тоа бил многу загрижен.
Тој изјавил дека во следните две недели месарницата ќе биде затворена, со што ќе мора да биде уништено 600 килограми обработено и спакувано месо.
„Го гледате ли вие апсурдот, да ми се случи тоа на мене кој уште од самиот почеток на емидемијата се трудам со сите сили да им пружам максимална заштита на своите вработени како и купувачите, на кој навистина им се заблагодарувам за посветеноста и трпението. Цело време работиме за време на пандемијата и не дозволуваме влегување во месарницата на повеќе од двајца купувачи истовремено. Да не ви зборувам колку досега потрошив на заштитни средства и маски кои дури и бесплатно ги делиме предд влезот на купувачите ако немаат своја. Но еве се случи, очигледно сме немоќни против тој ѓавол кој лебди во воздухот, и го стави цел свет во голем проблем“, вели сопственикот, кој додава дека три жени секојдневно ја чистат месарницата и ја дезинфицираат.
Раскажува како е да се живее во ова необично време.
„Сто пати сме добиле пофалби токму поради хигиената и чистотата, но тоа е, што да се прави, некако се случило. Факт е дека во овој период сите помалку се имаат опуштено во однос на март и април, гледате дека многумина одбиваат да носат маски, многумина велат дека вирусот е измислен, но јас верувам дека реална опасност постои и им верувам на епидемиолозите и ќе постапиме во секој поглед онака како што ќе кажат. Не обвинувам никој, нормално е луѓето да излезат надвор и да се дружат и едноставно мораме да бидеме свесни дека опасноста од зараза ја има насекаде околу нас. Живееме во некое многу необично и грдо време“, изјваил Тупајиќ.
Преземено од: https://www.index.hr/