Од што може сексот да боли? – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/20 8:00 PM

Од што може сексот да боли?

Штотуку имавте сексуален однос, но наместо да сте среќни и опуштени не ви е удобно и имате чувство на пецкање, тапа односно јака болка во вагината? Треба да знаете дека ова не е нормална појава, бидејќи сексот треба да биде исклучително пријатно искуство. Според експертите, една од три жени се соочува со ваков проблем, па доколку сте една од нив треба да знаеше што може да е причината за таквата болка, а потоа да побарате совет од гинеколог.

Еве кои се најчестите објаснувања за болниот секс:

Инфекција на уринарниот тракт

Ако имате и други симптоми на инфекција како непријатен мирис на урината или болки во текот на мокрењето, обратете се кај својот лекар. Ќе ви биде подобро штом ќе почнете да ги пиете антибиотиците што ќе ви ги препише тој.

Имате циста на јајниците

Ако вашиот гинеколог потврди дека имате циста на јајниците, а имате јаки болки, веројатно ќе треба да закажете хируршки зафат за да може таа да биде отстранета.

Имате ендометриоза

Болниот секс може да биде симптом за ендометриоза. Ова се случува кога ткивото на ендометриумот наместо само во матката, се наоѓа и во делот на карлицата. За да се ублажат симптомите на ендометриозата постојат и лекови, но и операција, а доколку сметате дека го имате овој проблем, задолжително известете го лекарт.

Воспалителна болест на малата карлица

Оваа болест всушност претставува воспаление на женскиот репродуктивен систем,  а вообичаено настанува како резултат на одредени полови инфекции.

Не сте биле доволно возбудени пред сексот

Пред да се впуштите во сексуален однос уживајте во предиграта со партнерот, со цел возбудата да биде поголема.

 

Извор:    lepotaizdravlje.rs