Многу работи не можат јасно да се дефинираат и зависат од нашите субјективни ставови и очекувања. Она што некому може да му годи, за друг може да не одговара. Поради тоа кога се во прашање комплексни теми (како што е и сексот) најдобро е да се биде отворен.
Грубиот секс за многу жени претставува прекрасно искуство, но често се случува и таквиот секс да се протолкува на поразличен начин од партнерот. Без оглед на тоа за каков вид на груба сексуална игра станува збор, потребно е и двете страни доброволно да се согласат да учествуваат во тоа. Одредени идеи што може да се видат во некои популарни филмови ( како што е „Педесет нијанси сиво“) би можеле да бидат опасни во реалноста, особено ако не знаете како да ги изведете. Една од нив е стегањето на вратот за време на сексуалниот однос кое може да делува забавно. Притисокот никогаш не смее да биде насочен кон предниот дел на вратот, туку исклучиво странично, а движењето мора да биде строго контролирано. За да не се случи повреда, комуникацијата меѓу партнерите не смее да се прекине.
Што се подразбира под тоа дека сексот е груб?
Дефиницијата за грубост може драстично да се разликува кога се во прашање мажите и жените. Ако досега не сте имале отворен разговор за тоа со партнерот, разговарајте што побргу. Работите од самиот почеток треба да бидат на вистинско место, со цел да се избегнат недоразбирања во иднина.
Позборувајте со партнерот за она што ви годи и за она што би сакале да го искусите. Разговорот нека се одвива во опуштена атмосфера надвор од спалната соба, а никако во текот на самиот сексуален однос или предиграта. Доколку сакате да направите чекор напред, не воздржувајте се да го кажете тоа. Наместо да го користие зборот „грубост“ прецизирајте што точно сакате да правите со партнерот. Како изгледа вашата идеална верзија за секс? Можеби уживате во тоа да врзете марама пред очите? Дали ви годат „валканите“ разговори? Дали сакате партнерот да ви ги држи рацете над главата при мисионерска поза? Што подетално ги образложте своите желби, толку поголема е шансата дека ќе го добиете она што ви одговара.
Никогаш не заборавајте дека имате право да го одбиете она што не ви годи. Доколку грубиот секс од некаква причина не ви одговара, тоа е сосема нормално. Споделете со партнерот како се чувствувате и пронајдете го заеднчки она што ви одговара. Заедничкото читање на еротски романи или уживањето во музика што ја слави љубовта може да биде прекрасен вовед во подобрувањето на интимниот однос.
Извор: lepotaizdravlje.rs