Блиц: Вучиќ и Тачи повторно во Брисел за 14 денови – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/18 6:29 AM

Блиц: Вучиќ и Тачи повторно во Брисел за 14 денови

Српскиот претседател Александар Вучиќ, најверојатно, ќе се состане повторно во Брисел за две недели со косовскиот претседател Хашим Тачи, објави Блиц.Весникот наведува дека таа информација им била потврдена во Кабинетот на претседателот Вучиќ.

Продолжувањето на дијалогот во таков краток период може да значи и практично интензивирање на процесот, за што нагласи и шефот на европската дипломатија Федерика Могерини по состанокот во Брисел во неделата, истакнува Блиц.

– Се уште има многу работа пред Србија, многу отворени прашања на маса. Претставници на Европа ќе доаѓаат поинтензивно во Белград, но и српската делегација, исто така, ќе патува во Брисел повеќе од порано. Работите ќе се решаваат со заеднички договор, изјави изворот за Блиц.

Вучиќ и Тачи во неделата во Брисел продолжија со преговорите по три месеци пауза.

Извор: МИА