За подобро здравје шетајте се повеќе со своето куче – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 8:50 PM

За подобро здравје шетајте се повеќе со своето куче

Кучето веќе одамна важи за најдобар пријател на човекот. Кучињата се наши сопатници на кои може да се потпреме и во добри, но и во лоши моменти. Кучето може да биде ваш доживотен пријател, а шетањето со него нуди низа здравствени придобивки.

Физички предности

Контрола на тежината

Прекумерната тежина е сериозен здравствен проблем, а решението за него лежи во тоа да согорувате повеќе калории отколку што внесувате. Редовната активност како што е пешачењето може да ви помогне во согорувањето на калориите и контролирањето на килограмите. Кучињата од одредени раси се особено активни и ќе ве натераат на долги прошетки со кои ќе согорите многу калории.

Здрави зглобови

Неподвижноста е уште еден вообичаен здравствен проблем. Луѓето и домашните миленици стануваат вкочанети ако седат предолго, а движењето ја подобрува функцијата на зглобовите.

Подобра рамнотежа

Како што старееме, го губиме чувството за рамнотежа. Некои лекови, болести и намалената флексибилност може да го забрзаат влошувањето на рамнотежата, а решението за ваквиот проблем лежи во одењето. Со одењето градиме сила во нозете и го намалуваме ризикот од повреди, а има и добро влијание во спречувањето на проблемите што би можеле да се создадат во иднина со стареењето.

Намалување на крвниот притисок

Редовното одење придонесува за намалување на крвниот притисок. Тоа не значи дека одењето би требало да биде многу долго или брзо. Според некои студии, одењето од околу половина час дневно го намалува крвниот притисок, како и проблемите поврзани со него. Шетањето на кучето  исто така може да ви помогне да спиете подобро. Редовните телесни активности може да го подобрат квалитетот на сонот, а со тоа да се чувствувате поодморено и посреќно.

Ментални предности

Хормон на среќата

Серотонинот е еден од четирите хормони на среќата во човековиот мозок, а е стимулиран од телесните активности. Пешачењето помага во зголемувањето на серотонинот, на тој начин што тоа всушност го зголемува создавањето на триптофанот, кој пак се користи во природниот процес на создавање серотонин.

Зближување

Да поминувате време со својот домашен миленик е исклучително важно. Тоа ви помага да го зајакнете односот со него. Докажано е дека шетањето на вашиот миленик дваесетина минути дневно го намалува стресот. Ако одите на прошетка во природа и го земете со себе вашиот домашен миленик тоа може да има двојно смирувачко дејство.

 

Извор: krenizdravo.hr