Разговорот со Абрамович на неговата јахта за малку не го преселил Модриќ во Челзи – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 6:47 PM

Разговорот со Абрамович на неговата јахта за малку не го преселил Модриќ во Челзи

Летниот трансфер период во 2011, дефинитивно беше одбележан со трансфер сагата на Лука Модриќ и англискиот гигант Челзи. Хрватскиот репрезентативец реши дека сака да ја промени средината и да се придружи на тим што ќе може секоја година активно да партиципира и да се бори за титули на сите четири фронта, а Челзи во тој момент за него претставувал идеална дестинација за остварување на неговите амбиции.

Челзи ги договори практично персоналните услови со Модриќ, но сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, оддолеваше на понудите на екипата од западен Лондон и не го пушти својот играч.

Речиси една деценија подоцна Лука Модриќ открива интересни детали од тоа лето и блиската средба со сопственикот на Челзи, Роман Абрамович. Хрватот првата средба со богатиот олигарх ја остварил на Француската Ривиера на неговата сопствена јахта.

-Беше возбудливо, повеќе од 20 луѓе бевме на таа јахта. Беше брзо и добро организирано. Ние бевме навистина убаво примени на јахтата и чекавме да се појави Абрамович. На средбата Роман изгледаше релаксирано, но истовремено и многу мистериозно. Ми кажа дека сум квалитетен играч и дека би сакал да ме види во Челзи, напиша Лука Модриќ во својата автобиографија.

Абрамович знаел дека преговорите со Тотенхем ќе бидат тешки, со оглед на ривалството кое Тотенхем го чувствува кон Челзи и измислената конкуренција од нивна страна. Едно лето подоцна, Модриќ е продаден на Реал Мадрид каде што освојува брдо титули и станува најдобар светски фудбалер во 2018 година.