Елмас останува во Наполи до 2025 година – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 3:01 PM

Елмас останува во Наполи до 2025 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец и поранешен член на Работнички и Фенербахче, Елиф Елмас, ќе го продолжи договорот со Наполи до 2025 година.

Играчот од средината на теренот имаше коректна сезона во екипата од Неапол. Промената на двајцата тренери, прво Карло Анчелоти, па потоа Џенаро Гатузо на неговото место, малку и го промени статусот на Елмас во тимот, со оглед на тоа дека Елмас добиваше повеќе шанси во првите 11 во сегашниот тренер на Евертон.

За иднината на Елмас се шпекулираше напати летово, турски Галатасарај се споменуваше во контекст, како и други екипи од Италија, но Елмас сепак ја продолжува верноста со клубот од „Сан Паоло“.

Покрај Елмас, Ди Лоренцо и Марио Руи исто така ја продолжија соработката со Наполи до 2025 година.