Постојат различни видови на храна што ја чуваме неправилно или не знаеме кој е вистинскиот начин за чување на истата. Една од овие намирници е лубеницата.
Експерти од американското Министерство за земјоделство тврдат дека лубеницата не треба да се чува во фрижидер, туку на собна температура за да ги задржи сите хранливи материи во неа.
Во суштина, сите имаме навика да ладиме лубеница пред да ја јадеме. Меѓутоа, кога лубеницата е ладна, ги губи повеќето од своите витамини и хранливи материи, што не е добро за нас.
Истражувачите го тестирале однесувањето на лубеницата на 5, 12 и 21 степени за 14 дена, а резултатите покажале дека оние што се чуваат на 21 степен имаат 40% повеќе ликопен и 50 до 139% повеќе бета-каротин.
Оваа теорија е одамна позната и за другите намирници, исто така.
Преземено од: https://srbija24.com/