Навиката за консумирање алкохол за време на карантинот може да стане навика од која тешко ќе се одвикнете – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 2:00 PM

Навиката за консумирање алкохол за време на карантинот може да стане навика од која тешко ќе се одвикнете

Ако пиевте алкохол во поголема количина за време на карантинот, вие не сте единствениот. Но, дали сте размислиле како ќе се вратите количината алкохол која сте ја пиеле пред карантинот?

За некој тоа ќе биде тешко. Имено, новата студија направена од добротворната организација „Дринквер“ вели дека зголемената потрошувачка на алкохол за време на карантинот може да има долгорочно влијание. Оваа студија покажла дека 22 проценти од возрасните пиеле повеќе алкохол во карантин, но оваа тенденција е уште поизразена кај тинејџерите под 18-годишна возраст и кај младите во нивните 20-ти.

Некои од причините зошто пиеле повеќе се досадата, повеќе слободно време и зголемена вознемиреност. Сепак, ова истражување исто така наведува како ова зголемено пиење алкохол би можело да стане навика од која ќе биде многу тешко да се ослободите.

„Никогаш не било поважно да се усвојуваат здрави навики за живеење. Нашето последно истражување покажува како одредени социјални групи покажуваат загрижувачки модели кога зборуваме за алкохол“, рече Елејн Хиндал, извршен директор на организацијата.

„Загрижени сме што за значителен број луѓе, карантинското ниво на пиење може да се вкорени и да стане навика што е тешко да се одвикне“, додала таа.

„Повеќе пиење, без оглед дали е здодевност или вознемиреност, може да доведат до уништувачки здравствени последици, ментални и физички, како и зголемена толеранција кон алкохолот, што може да доведе до зависност од алкохол“.

Лесно е да се претпостави дека количината на потрошувачка на алкохол ќе се намали кога светот ќе се врати во нормала, но според резултатите од ова истражување, се чини дека тоа не е случај. Кога навиката станува дел од нашите секојдневни животи, тешко е да се смени, па многумина би можеле да почнат да се потпираат на алкохолот како средство за да им помогне да се справи со стресот и вознемиреноста предизвикана од пандемијата. Но, тоа е нездрава техника која може да трае дури и по карантинот, пишува metro.co.uk.

Преземено од: http://ba.n1info.com/