Луди журки во Вухан без маски и дистанца, додека остатокот од светот се бори со пандемијата – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 1:09 PM

Луди журки во Вухан без маски и дистанца, додека остатокот од светот се бори со пандемијата

Неверојатни фотографии од Вухан: Млади во аква парк, без маски и дистанца

Илјадници млади Кинези во текот на викендот го преплавија аква-паркот во централниот кинески град Вухан, каде минатата година избувна коронавирусот, „жедни“ за забава, бидејќи животот во тој град полека се враќа во нормала, пренесува АФП.

Популарниот Аква парк во Вухан беше исполнет со млади луѓе во костими за капење, кои „танцуваа“ на електронска музика, дел во мали гумени чамци, а дел самостојно пливат во базенот.


Вуханскиот Аква парк повторно беше отворен во јуни, како дел од постепеното отворање тој ден по 76-дневен карантин и строгите мерки, за да се запре вирусот.

Аква-паркот, кој според локалните медиуми, наполнил половина од вообичаениот капацитет, исто така понудил 50% попуст за жените.

Првите познати случаи на Ковид 19 се забележани минатата година во Вухан, град со 11 милиони луѓе, по што вирусот почна да се шири ширум светот, убивајќи 775.000 луѓе. Инфицирани се скоро 22 милиони луѓе. Поради затворањето, не се загрозени само националните економии, туку и светските.

Во Вухан, карантинот беше укинат во април, а од средината на мај досега нема официјално потврдени случаи на инфекција во провинцијата Хубеи, каде Вухан е главен град.

За зајакнување на локалната економија, владата на Хубеи понуди бесплатен влез на 400 туристички места на нејзина територија.

Кина во голема мерка ја спречи епидемијата на коронавирус, но повремените жаришта и тешките летни поплави продолжуваат сериозно да ја загрозуваат нејзината економија.

Преземено од: http://ba.n1info.com/