Зимски или летен трансфер преоден рок, името на Вилфред Заха постојано се наоѓа на насловните страници на медиумите, кои секоја година по враќањето на Кристал Палас во Премиер Лигата го продаваат во некој европски топ клуп. Челзи и Арсенал постојано се врзуваа со негов трансфер, но откако и двете лондонски екипи ангажираа други трансфер мети, играчот од Брегот на Слоновата Коска сега се најде на радар на екипи надвор од Англија.
Борусија Дортмунд се соочува со потенцијално заминување на младата ѕвезда Џејдон Санчо и поради тоа е во потрага по играч кој ќе може да ја надополни празнината во нивниот напад. Германците го детектирале Заха како совршена замена, но не сакаат да ја платат откупната цена која Кристал Палас ја има поставено за неговите услуги.
Покрај Дортмунд, француските тимови ПСЖ и Монако исто така ја мониторираат ситуацијата на дваесет и седумгодишниот Заха и за разлика од Германците подготвени се да ја платат основната сума што екипата од „Селхрст Парк’ ја има поставено.
-Доколку тој реши дека не сака повеќе да биде со нас, тоа би било тажно. Го сакаме многу, но нема да се мешаме. Оставаме на клубот да го реши тоа, изјави минатиот месец тренерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон
Желбата на Заха да заигра во Лигата на Шампионите е пресудна во одлуката за напуштање на Лондон. Во случај тоа да го направи, Палас веќе има пронајдено алтернативно решене во фудбалерот на КПР, Еберечи Езе. Дваесетте милиони за младиот Езе ќе бидат и повеќе од доволни за да се комплетира трансферот.