Србите и денес во километарски колони за ковид-тест и одмор во Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 9:19 AM

Србите и денес во километарски колони за ковид-тест и одмор во Црна Гора

И денеска има километарски редици пред институтот ,,Торлак“ во Белград за тест за Ковид 19.

Како што известува РТС, за да фатат ред, некои дошле уште синоќа во 20 часот, а Институтот почнува со тестирања од 8 часот наутро.

Има и цели семејства со деца. Поради долгото чекање, многумина дошле со столчиња, чадори, шишиња со вода и сок…