Преку гениталии му влегла пијавица и му испила половина литар крв – Невидени маки на маж од Камбоџа – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 9:01 AM

Преку гениталии му влегла пијавица и му испила половина литар крв – Невидени маки на маж од Камбоџа

Еден маж од Камбоџа доживеал агонија поради пијавица што влегла во неговото тело низ неговите гениталии и му испила половина литар крв. Покрај тоа што пиела голема количина крв, таа ги повредила неговите внатрешни органи со острите заби.

Лекарите рекоа дека човекот отишол да се капе во езерото за да се освежи малку. Дури и во лудило не можел да очекува какви проблеми ќе има поради тоа.  Истата ноќ тој доживеал ужасна болка кога отишол во тоалет во неговиот дом кај Пном Пен.

Лекарите во болницата ја откриле пијавицата со помош на мала камера. Таа низ мочниот канал влегла во  мочниот меур.  Тие прво ја убиле пијавица пред да ја отстранат од телото на мажот. Операцијата била многу комплицирана, со оглед дека пијавицата испила половина литар крв од човекот и била  многу поголема отколку кога влегла во телото.

За време на сезоната на дождови, водата е полна со пијавици и други инсекти. Медицинскиот персонал од градската болница Калмет ги предупредува граѓаните да бидат внимателни ако одлучат да се бањаат, а доколку чувствуваат какви било проблеми, ги повикуваат да се јават кај својот лекар, пренесува британски Мирор.

По операцијата, човекот останал под набудување во текот на ноќта и следниот ден бил пуштен.

Извор и фото: espreso.rs